Буџетскиот дефицит достигна 186 милиони евра

Bez autora
Apr 29 2013

Драматично висок буџетски дефицит бил направен во државната каса во март, говорат најновите објавени податоци на Министерството за финансии. Дури 78,5 милиони евра е дупката во буџетот само во третиот месец од годинава, што е 27,3 отсто од вкупниот дефицит предвиден за цела година. Исплатата на големите суми субвенции во земјоделскиот сектор е главната причина што во март се отворил толку голем јаз во националната каса. Со оглед што и во минатите два месеци имаше огромни суми на поголеми трошења од приходи, вкупниот буџетски дефицит само за три месеци, односно во првиот квартал од годинава се искачи на 185,7 милиони евра, што е дури 64,5 проценти од износот на дефицитот предвиден за цела 2013 година.

Буџетскиот дефицит достигна 186 милиони евраДраматично висок буџетски дефицит бил направен во државната каса во март, говорат најновите објавени податоци на Министерството за финансии.

Дури 78,5 милиони евра е дупката во буџетот само во третиот месец од годинава, што е 27,3 отсто од вкупниот дефицит предвиден за цела година.

Исплатата на големите суми субвенции во земјоделскиот сектор е главната причина што во март се отворил толку голем јаз во националната каса.

Со оглед што и во минатите два месеци имаше огромни суми на поголеми трошења од приходи, вкупниот буџетски дефицит само за три месеци, односно во првиот квартал од годинава се искачи на 185,7 милиони евра, што е дури 64,5 проценти од износот на дефицитот предвиден за цела 2013 година.

Ако се има предвид дека за годинава Владата прогнозираше буџетскиот дефицит да достигне 287,7 милиони евра, тогаш излегува дека во претстојните девет месеци е дозволено да се направи буџетски дефицит од само 102 милиони евра. Како тоа ќе и' успее на власта ќе биде интересно да се види во наредниот период.

Ова ќе значи дека ќе биде неопходно или сериозно намалување на расходите, што значи сериозно стегање на ременот и сечење на многу трошоци што досега биле правени, или, пак, прибирање на повисоки приливи во државната каса од даноци и од други давачки, што е крајно неизвесно со оглед на тешката економска состојба во која се наоѓаат компаниите и граѓаните.

Ако се гледа страната на приходите, ќе се забележи дека државата собрала вкупно 178,9 милиони евра, колку што редовно доаѓаат месечни приливи од даноци и од други давачки. Податоците покажуваат и дека во март се вратил во форма данокот на додадена вредност (ДДВ), кој е најголемиот полнач на државната каса. Овој данок во третиот месец од годинава му донел на буџетот 57 милиони евра, што е негова вообичаена месечна сума. Овде треба да се потсети дека тој имаше значајно потфрлање во февруари, кога од него се собраа приливи од само 6,2 милиони евра. Од Министерството за финансии тоа го објаснија со фактот што државата извршила голем поврат на ДДВ на бизнис-секторот во тој месец, бидејќи токму крајот на февруари беше финалниот рок што им го вети на стопанствениците дека целосно ќе се раздолжи кон нив по овој основ.

Но, она што е екстремно високо во март, се расходите во буџетот. Или, во март државата вкупно потрошила 257,4 милиони евра, што е огромен износ. Притоа, ако се набљудуваат поединечните ставки, може да се види дека најголем скок на расходите покажала ставката други трансфери, каде што влегуваат субвенциите. Па така, во март годинава по основ на други трансфери Владата потрошила дури 77,9 милиони евра, наспроти 29,6 милиони во февруари. Значи, кај ставката други трансфери има зголемување од 48,3 милиони евра. Во март бевме сведоци на речиси секојдневна исплата на субвенции во земјоделството по разни основи.

Инаку, во март има зголемување и на расходите за трансфери до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, кои изнесувале 60 милиони евра, наспроти 57,2 милиони во февруари. Познато е дека од март годинава стартуваше зголемувањето на пензиите, па затоа и овој месец имаме повисоки трансфери од буџетот во пензискиот фонд. Зголемени се расходите и за социјални трансфери.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik